По поразот од 1-3 кој го доживеа на домашен терен во неделата од Реал М., за Барселона стигнуваат уште лоши вести бидејќи на реванш мечот од Суперкупот на Шпанија кој утре ќе се одигра на „ Сантијаго Бернабе“, „каталонците“ нема да можат да сметаат на еден од носителите на нивната игра, Андрес Иниеста.
Шпанскиот репрезентативец во последните десетина дена се жали на болка во мускулот, повреден играше на првиот меч, но откако денеска воопшто нe тренираше со тимот беше обелоденето дека тој нема да биде во комбинација за настап на утрешниот реванш. Според каталонските медиуми, шанса во негово отсуство ќе добие Серхио Роберто.
Во тимот на Реал Мадрид во однос на првата средба во стартната екипа ќе се врати Лука Модриќ, а Зинедин Зидан на располагање ќе го нема Кристијано Роналдо, кој доби црвен картон на „Камп ноу“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.