Андрес Иниеста, еден од најдобрите фудбалери на Барселона во последната деценија призна дека оваа сезона за каталонскиот клуб е неуспешна. Шпанскиот ветеран вели дека Барселона не успеа да ги исполни зацртаните цели и да триумфира или во Лигата на шампионите или пак да ја одбрани титула во Примера.
– За жал не успеавме да ја освоиме Лигата на шампионите, а исто така не ја одбранивме титулата во домашното првенство. Свесни сме дека за нас оваа сезона беше неуспешна – вели Иниеста.
Барселона оваа сезона заврши на втората позиција во Примера, во Лигата на шампионите беше елиминирана од Јувентус, додека успеа да слави само во Купот на Кралот, откако пред неколку денови извојува победа над Алавес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.