| четврток, 6 декември 2018 |

Меси пред голем јубилеј со Барелона ако успее да слави во финалето на Копа дел реј

mesi

Лионел Меси се наоѓа пред еден јубилеј, доколку Барселона слави во финалето од Купот на Кралот против Алавес.

Аргентинецот со евентуален триумф ќе стигне до својата 30. титула во каталонската екипа со што уште повеќе ќе се издвои на листата на најтрофејни фудбалери заедно со Андрес Иниеста.

Меси ќе го одигра 25. финале во дресот на Барса, а од нив победил на 19 и загубил само пет (Суперкуп на Европа против Севиља 2006 година, двапати во Купот на Кралот од Реал Мадрид 2011 и 2014 година, Суперкуп на Шпанија од Реал Мадрид во 2012 година и во истото натпреварување од Атлетик Билбао во 2014 година).

На сите нив, аргентинскиот фудбалер постигнал 25 гола и запишал 9 асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top