| четврток, 6 декември 2018 |

Призна дека меша алкохолни пијалоци – еве зошто Брена се комира!

Семејството Живоиновиќ пред неколку дена отпатува  на Тајланд, а на членовите на ова семејство им се придружи и девојката на Филип, Александра.

Пред самото заминување, Брена даде интервју во кое призна дека на Тајланд секогаш се здебелува поради висококалоричната храна, како и поради тоа што со сопругот Боба Живоиновиќ немаат многу активности.

-Не ги сакам ноќните излегувања воопшто. Боба некогаш им се придружува, но јас никогаш. Мојата забава се состои во тоа што со децата играм одбојка или ватерполо. Тие нон стоп не гушат и дават – се пошегувала Брена и додала дека долгиот пат воопшто не и е проблем.

-Ние не одиме со економска класа, така што тоа не ми е проблем. Легнувам, пијам шампањац, го мешам со чаша вино и мене не ми треба седатив – додала пејачката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top