
Александра Пријовиќ, Лепа Брена, Боба, Стефан и Филип Живоиновиќ утринава требале да отпатуваат во Истанбул, од каде во вечерните часови требале да продолжат на Тајланд.
Меѓутоа сите отишле, освен Александра, која била принудена да остане во Белград. Како што кажал добро информиран извор, на Александра на аеродромот и рекле дека има проблем со нејзината виза, и дека нема начин тоа веднаш да се реши, туку дека мора да оди во амбасада.
– Сите беа среќни и подготвени за големиот семеен одмор, стигнаа на аеродром, а тогаш на Александра и рекоа дека нешто со нејзината виза не е во ред. Прво мислеше дека некој се шегува со неа, а потоа сфати дека таа е единствената која нема да отпатува, па и самата почна да се смее – открива изворот.

Сепак Александра успеала да го реши проблемот.
-Отиде во амбасада каде го реши проблемот, така што набрзо ќе им се придружи – додава соговорник упатен во целата ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


