| четврток, 6 декември 2018 |

Маглава ги стори ВИП невидливи – Цела Македонија нема ниту интернет ниту телефонија

Корисниците на мобилниот оператор VIP се жалат дека не можат да воспостават повик веќе два часа, а не функционираат ниту интернет врските. Тие денеска не трепкаат од среќа како што им посака овој оператор и не  уживаат во својот интерет и неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи…

Исто така не функционира ниту АДСЛ интернет мрежата.

-VIP конечно успеаа. Маглава ги стори невидливи!!!, коментираат на Фејсбук.

Според информациите се работи за глобален проблем чие решавање е во тек.

-Поради прекин на главни оптички врски во моментов се соочуваме со глобален проблем кој се манифестира со остварување на повици кон мрежата на Вип и проблем со употреба на интернет сервисите. Нашите екипи веќе работат на отстранување на потешкотиите во најбрз можен рок. Ви благодариме на разбирањето, соопштуваат од ВИП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top