Корисниците на мобилниот оператор VIP се жалат дека не можат да воспостават повик веќе два часа, а не функционираат ниту интернет врските. Тие денеска не трепкаат од среќа како што им посака овој оператор и не уживаат во својот интерет и неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи…
Исто така не функционира ниту АДСЛ интернет мрежата.
-VIP конечно успеаа. Маглава ги стори невидливи!!!, коментираат на Фејсбук.
Според информациите се работи за глобален проблем чие решавање е во тек.
-Поради прекин на главни оптички врски во моментов се соочуваме со глобален проблем кој се манифестира со остварување на повици кон мрежата на Вип и проблем со употреба на интернет сервисите. Нашите екипи веќе работат на отстранување на потешкотиите во најбрз можен рок. Ви благодариме на разбирањето, соопштуваат од ВИП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.