Голема мрежа за нелегална трговија со луѓе во Грција, која дејствувала на меѓународно ниво, била разбиена од страна на грчката полиција, пренесуваат тамошните медиуми. Мрежата кријумчарела лица воглавно од Сирија, од Ирак, од Пакистан и од други држави кон Централна и Северна Европа. Мигрантите со фалсификувани документи од Грција, од Шпанија и од Франција се транспортирани со авион во Велика Британија, Германија, Холандија, Белгија и Швајцарија.
Во минатонеделната операција спроведена во Атина, приведени се 17 Иранци, двајца Пакистанци и уште тројца странци од Алжир, Азербејџан и Тунис. Меѓу уапсените е и шеф на групата – 28-годишен Иранец. Други 12 луѓе се обвинети за учество во нелегална мрежа, која испеала да обезбеди легални визи од европските амбасади во Иран.
Полицијата извршила претрес во 25 објекти, а во три стана биле пронајдени машини за печатење на фалсификувани документи. Во операцијата конфискувани се 1.200 пасоши, 300 лични карти, голем број фалсификувани документи, компјутери, принтери и печати на државни институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција