Мрежите од петтата генерација се иновација во мобилната индустрија, но со излегувањето на секоја нова технологија почнуваат и прашањата за нејзиното влијание врз човековото здравје.
Според анкетите користењето на најпаметните уреди расте со постојано побрзо темпо, а речиси две третини од Американците комуницираат преку сматрфон.
Постојат неколку важни работи што треба да ги знаете за влијанието на зрачењето од мобилните технологии и континуираните иновации во индустријата, а според научниците тие можат да создадат потенцијален ризик за здравјето.
Според експерти од Националната програма за токсикологија во САД, кои правеле истражувања со експериментални глувци, при подолго изложување на зрачење од мобилни уреди, туморите во организмот на машките животинки растел.
Наметнувањето на 5Џи (5G) технологијата ќе доведе до зголемување на бројот предаватели кои ќе праќаат сигнали кон смартфоните, за корисниците да можат да сурфаат на интернет со брзина 10 пати поголема од онаа на 4 Џи мрежата. Така влијанието на технологијата ќе биде двојно поголема и тоа предизвикува загриженост кај здравствените експерти.
Предавателите на 5Џи технологијата ќе работат со помош на микробранови сигнали. Колку поблиску се овие извори на зрачење до луѓето, толку повеќе потрошувачите се изложени на потенцијален ризик за здравјето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.