| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатните WiFi мрежи во ЕУ ќе чинат 120 милиони евра

Во периодот 2017 – 2019 година ќе бидат инвестирани 120 милиони евра во изградба на бесплатните интернет мрежи WiFi во ЕУ, станува јасно од порака на Европската комисија. Средствата ќе дојдат од финансискиот инструмент „Поврзана Европа“.

Постапката за доделување на финансирање на програмата ќе биде олесната и без непотребна бирократија, ветуваат уште од Комисијата. Грантовите ќе бидат обезбедени во форма на ваучери и ќе бидат искористени за изградба на мрежите. Локалните власти сепак ќе треба да ја обезбедат самата интернет конекција и да платат за неа.

Иницијативата „WiFi4EU“ беше лансирана од страна на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во неговиот говор пред Европскиот парламент за состојбата на Унијата. Неколку месеци подоцна таа веќе доби зелено светло од земјите во заедницата, дополнуваат од Брисел.

Ова се случи во петокот за време на Советот на ЕУ за телекомуникации.

Реализацијата на идејата значи бесплатен интернет во јавни згради, паркови и други центри на општествениот живот. Така брз пристап до мрежата ќе имаат луѓе кои се во тешка состојба – невработени или возрасни луѓе.

Очекувањата се дека првите тендери за изградба на интернет мрежа ќе бидат одржани пред летото 2017 година, станува јасно уште од пораката на Брисел.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top