| четврток, 6 декември 2018 |

Јубилејна изложба на Павле Кузмановски

Музеј на Град Скопје организира јубилејна изложба-50 години творештво на Павле Кузмановски. Изложбата е насловена „Апокалиптични соништа и сеништа“, а на истата ќе биде промовирана и монографијата на цртежи, издание на „Матица македонска“.

На изложбата ќе говорат Климе Коробар и  Маја Чанкуловска, а пригоден настап ќе има и Младинскиот хор „Менада“ од Тетово, под диригентската палка на Ивица Зориќ.

Настанот ќе се одржи вечерва во Музеј на Град Скопје со почеток во 19.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top