| четврток, 6 декември 2018 |

Ноќ со Павле Камилоски и романтични шансони, канцони и шпански песни

Ноќ со Павле Камилоски и романтични шансони, канцони и шпански песни, како и медитеранска и класична музика е уникатното музичко доживување што ќе се одржи во Дистрикт Бар и Ресторан, на 24 февруари (сабота), со почеток во 20.30 часот.

Дел од вечерниот репертоар ќе бидат и луцидните евергрин теми од Френк Синатра и Дин Мартин. Извонредниот вокал на Павле Камилоски ќе биде придружуван од еминентниот професор Горан Начевски на пијано.

Медитеранските теми се дел од проектот на Камилоски, наречен Мала Италија, создаден со неговиот уникатен талент, љубов и посветеност кон оваа музика. Незаборавните љубовни теми и нежните романтични звуци ќе им овозможат на присутните да одлетаат во најубавите предели на Италија, Шпанија и Франција и да ја почувствуваат заводливоста на магичниот Медитеран.

Сето тоа ветува дека ова ќе биде една поинаква вечер, вечер на безвременските музички творештва и нежните романтични звуци од медитеранската музика и од њујоршките клубови.

Покрај звуците на љубовта, дополнително уживање на присутните ќе им пружи и пријатниот амбиент на Дистрикт Бар и Ресторан и богатото и разновидно мени креирано за оваа вечер.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top