| четврток, 6 декември 2018 |

Павле Кузмановски со изложба ќе одбележи педесет години творештво

Познатиот ликовен уметник Павле Кузманоски годинава одбележува голем јубилеј-педесет години творештво,исполнето со богати содржини. По овој повод, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, на 27 септември (среда) во 12 часот ќе биде отворена изложба на триесет негови слики создавани во последниве неколкиу години.

Изложбата ќе ја отвори писателот Милован Стефановски.

Павле Кузманоски (Тетово,1939) спаѓа во редот на уметниците кои изградија свој оригинален сликарски свет, препознатлив и високо вреднуван од страна на ликовната критика. Во изманиот петдецениски период организирал над педесет самостојни изложби, а со свои дела учествувал на бројни групни претставувања на нашето сликарство во Македонија и во странство. За своето творештво, Кузманоски е добитник на национални и меѓународни признанија

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top