Во мултимедијалниот центар на Матица од Скопје, во Паркот на Книгите, на 18 јуни (понеделник) во 12 часот ќе биде промовирана монoграфијата „ЦРТЕЖИ“ од Павле Кузманоски. За делото на познатиот македонски сликар ќе говорат проф. Кристина Николовска и Маја Чанкуловска.
По повод промоцијата на монографијата ќе биде отворена и изложба на триесет цртежи од авторот, создадени во изминатите пет децении, а големиот вљубеник во уметноста, Антонио Павловски ќе рецитира стихови посветени на уметникот од Ефтим Клетников, Раде Силјан, Гордана Михаилова Бошнакоска, Панде Манојлов и Олгица Марковска.
Овој убав издавачко-сликарски чин ќе биде збогатен со музички настап на виртуозот Драган Даутовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.