| четврток, 6 декември 2018 |

Заради болеста две години поминала дома – Лепа Брена проговори за долго чуваната тајна!

Пејачката Лепа Брена е една од најголемите ѕвезди на овие простори, која знае да ја испочитува публиката секој пат, па дури и кога е болна.

Сепак Брена открива дека имало денови кога не смеела да работи.

– Јас поминав две години дома кога бев болна, 1995 година, кога прв пат имав тромбоза, а потоа и вториот пат. Тромбозата ја добив токму од напорната работа. Не поднесувам жештина и големи напори, но научив дека со добра организација може да се работи, но не баш по 20 часови дневно – вели пејачката    и  открива како би изгледал нејзиниот дочек на Нова година, ако не настапува.

-Би седела дома и би изела се што има на маса. Но новите години кои ги работам во Црна Гора, не се работа, туку забава – додала Брена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top