| четврток, 6 декември 2018 |

Николовски: Притворањето на пратениците е кршење на Уставот и Деловникот

Пратеникот и поранешен претседател на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Александар Николовски, во изјава за Република вели дека денешното притворање на пратениците од Собранието е прекршување на Уставот и Деловникот на Собранието.

– Прекршени се Деловникот за работа на Собранието и Уставот, пратеник не може да биде притворен без одобрение од Собранието, за тоа има процедура. Можеби се толкува дека во овој момент со повикани да дадат исказ и сеуште нема одлука за притвор, но и тоа е лишување од слобода и за тоа треба дозвола од Собранието – вели Александар Николовски за Република.

Утринава, притворени беа пратениците Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Жаклина Пешевска, кои од ОЈО се сомничат за тероризам поради наводно учество во настаните од 27ми април.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top