Пратеникот и поранешен претседател на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Александар Николовски, во изјава за Република вели дека денешното притворање на пратениците од Собранието е прекршување на Уставот и Деловникот на Собранието.
– Прекршени се Деловникот за работа на Собранието и Уставот, пратеник не може да биде притворен без одобрение од Собранието, за тоа има процедура. Можеби се толкува дека во овој момент со повикани да дадат исказ и сеуште нема одлука за притвор, но и тоа е лишување од слобода и за тоа треба дозвола од Собранието – вели Александар Николовски за Република.
Утринава, притворени беа пратениците Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Жаклина Пешевска, кои од ОЈО се сомничат за тероризам поради наводно учество во настаните од 27ми април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Николоски: Исходот на референдумот е дефиниран од Законот, а не од толкувањето на власта
-
Николоски: Дали е ова последниот Илинден што го дочекуваме како Република Македонија?
-
Николоски открива: Во јануари ни тврдеа дека нема шанса да менуваме Устав
-
Николоски: Или воопшто нема да има референдум или ќе има референдум којшто ќе е изманипулиран