| четврток, 6 декември 2018 |

Николоски открива: Во јануари ни тврдеа дека нема шанса да менуваме Устав

ВМРО-ДПМНЕ во целиот овој процес на преговори беше држено на страна со едно смешно образложение, коешто го даваа и Владата и одредени други претставници, дека не можела Владата паралелно да преговара на два фронта, и со Грција и со ВМРО-ДПМНЕ, oткри вечерва потпретседателот на ВМРО–ДПМНЕ Александар Николоски во интервјуто за емисијата „60 минути“.

  • Тоа е најсмешното образложение што сум го слушнал, од причина што ако преговарате работи кои е потребно да се изгласаат со општо прифатен концензус, тогаш вие и природно сте повикани да преговарате со опозицијата – зијави Николоски.

Тој додаде дека во процесот кој трае од минатото лето, ВМРО-ДПМНЕ било информирано еднаш и еднаш му била кажана крајна позиција, со лидерски средби на крајот на јануари и на крајот на мај.

  • На лидерската средба во јануари, сега веќе можеме да кажеме детали, имавме џентлментски договор да не кажуваме детали, но веќе заврши процесот, премиерот Заев и министерот Димитров нѐ информираа дека нивните позиции се дека воопшто нема да разговараат за идентитетските прашања, дека тие мора да бидат потврдени како македонски, што не е случај во договорот, и дека на ниеден начин нема да разговараат за промена на Уставот на Република Македонија. За тоа има официјални записници којшто сега се класифицирани, ќе дојде време ќе се декласифицираат и ќе можат граѓаните да прочитаа кој, што и како зборувал на таа лидерска средба. Владата не водеше сценографски белешки, како што е ред на една таква средба, иако сите коишто малку ги познаваат работите знаат дека задолжително се води записник од таа средба. За среќа тимот на претседателот на државата водеше сценографски белешки и затоа и имаме белешка од таа средба инаку можеше да се случи една од најбитните средби во поновата историја на Македонија да остане без белешка, што од оваа перспектива ѝ било цел на Владата – изјави Николоски.

Втората средба, вели Николоски, се одржа на крајот на мај, а дотогаш немаше буквално никаква комуникација на ниедно ниво.

  • На таа средба Зоран Заев дојде триумфалистички и кажа дека има решение, решението е Република Илинденска Македонија и промена на Уставот. На наша реакција дека ставовите кои што самиот тој ги кажал, од негова страна беше кажано дека имаме многу добро име и дека затоа се согласил на промена на Уставот – изјави Николоски.

На таа средба ВМРО-ДПМНЕ го прашале Заев дали имаме договор со Грција, на што тој потврдно одговорил. Koга прашале дали има писмен договор, според Николоски, добиле еден смешен договор дека има договор, но тој е усмен, а за пет дена, во Њујорк, Коѕијас и Димитров треба да седнат во Њујорк и таму да го напишат договорот.

Николоски додаде и дека уште тогаш ги предупредиле дека ако го промениме Уставот, немаме гаранции дека Грција ќе го испочитува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top