Во вчерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски посочи дека и покрај обидите за манипулација на власта за тоа што е неуспешен референдум, успешноста на референдумот јасно ја дефинира законот.
Николоски потенцира дека според Законот за референдум за референдумот да биде успешен потребно е на него да излезе мнозинството на гласачи запишани во избирачкиот список и мнозинството од нив да се изјаснат позитивно.
- Јасно е што е успешен референдум, а тоа не се дефинира во политички програми, се дефинира во закони. Законот за референдум, член 30 став 1 вели ,,одлуките на референдум на државно ниво се сметаат за усвоени ако на нив гласале мнозинство од вкупниот број граѓани кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во избирачкиот список’’. По јасно здравје. Така што единствена дефиниција за успешен референдум е од овие кои што ќе гласаат од вкупно запишаните барем половина да гласаат и тие кои што ќе гласаат барем половина да се за. Дали ќе е така или нема да е така ќе и каже народот на власта во недела – вели тој.
Николоски забележа дека ако референдумот на 30-ти пропадне тој ќе пропадне единствено зошто граѓаните сакаат така.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најчевска: Наш главен интерес треба да биде самото бегство, на здрав памет нѐ прават будали
-
Николоски: Дали е ова последниот Илинден што го дочекуваме како Република Македонија?
-
Николоски открива: Во јануари ни тврдеа дека нема шанса да менуваме Устав
-
Николоски: Или воопшто нема да има референдум или ќе има референдум којшто ќе е изманипулиран