Фудбалерот на Јувентус, Сами Кедира, истакна дека има една цел за оваа сезона, да му помогне на својот повозрасен колега од тимот, Џиџи Буфон, да ја освои Лигата на шампиони откако доживеа разочарување со својата репрезентација во баражот за СП.
– Не можам да бидам среќен кога го видов Буфон како плаче. Многу ми беше тешко, верувам дека сите се чувствуваа така, не само италијанскиот народ. Буфон е голем спортист, фудбалска икона, не заслужува да доживува такви разочарувања. Се надевав дека Италија ќе успее да се пласира, за уште еднаш да го видиме Буфон на најголемото фудбалско натпреварување. Сега и јас сум тажен што Италија не игра на мундијалот, но му ветив дека ќе помогнам на секаков начин за да го освои единствениот трофеј кој му недостасува во витрините, а тоа е Лигата на шампиони, истакна Кедира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Гатузо ја засрами девојката на Буфон: Употреби го јазикот за мене (видео)
-
Легендата ќе ја одложи пензијата: Буфон и следната сезона на голот на Јувентус?
-
Италијанскиот шампион бара замена за Буфон: Куртоа можна опција за Јувентус
-
Единствена понуда само за легендата: На Буфон би му го отстапил своето место на Светското во Русија (видео)