| четврток, 6 декември 2018 |

Единствена понуда само за легендата: На Буфон би му го отстапил своето место на Светското во Русија (видео)

За прв пат по 1958 година Италија нема да настапи на Светското првенство во Русија кое ќе се игра на лето, а ваквиот расплет не ги погоди само Италијаните, туку и големиот број љубители на фудбалот ширум светот.

Еден од најемотивните кои јавно истакна жалење е фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ кој со Хрватска ќе настапи на Мундијалот во Русија.

– Мислам дека не би имал што да му кажам или да му дадам совет околу фудбалот. Тој е единствен и навистина многу даде за овој спорт. Секое дете во светот кога составува тим на голот го става него. Кога ја гледав неговата изјава по натпреварот против Шведска сакав да плачам заедно со него. Тешко е да се пронајдат зборовои со кои може да се опише како Буфон се чуствуваше во тие моменти. Голема штета е што играч како него не ќе може да се прости онака како што замислувал. Да можам би му го препуштил своето место во репрезентацијата на Хрватска, изјави Ракитиќ.

Набрзо следуваше и одговор на Буфон.

– Драг Иван, веројатно јас ќе продолжам да настапувам како голман, а мислам дека твојата идеја да настапувам за Хрватска не е баш најдобра, пред се поради вас. Шегата на страна, твоите зборува се голем подарок за мене. Ти благодарам и на тебе и на Жорди Алба, мојот дрес те чека по натпреварот, напиша Буфон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top