Според податоците на Државниот завод за статистика во септември 2017 се издадени 222 одобренија за градење, што е за 25.3% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 575 789 илјади денари, што е за 29.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 141 (63.5%) е наменетo за објекти од високоградба, 18 (8.1%) за објекти од нискоградба и 63 (28.4%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 222 објекти, на 162 (73.0%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 60 (27.0%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 665 станови, со вкупна корисна површина од 55 192 м2.
Во развојот на македонската економија, градежништвото има значајна улога. Од градежништвото како носечка гранка зависат многу други економски гранки.
Државниот завод за статистика спроведува месечни, квартални, полугодишни и годишни истражувања со кои се следат градежните активности во државата, како и во странство, и од нив подготвува краткорочни показатели, соопштенија и публикации што наоѓаат широка примена кај корисниците. |
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.