Гравот, кромидот, краставиците и портокалите на зелените пазари во земјава во септември годинава во споредба со истиот месец од 2012 година најмногу поскапеле, додека најголемо намалување на цените е забележано кај црвените домати, лукот, зелката и карфиолот, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според податоците на Заводот, еден килограм грав на зелените пазари во септември годинава просечно чинел 142,36 денари, кромидот се продавал по цена од 31 денар, а краставиците за 31,4 денари. Лани гравот во истиот месец просечно се продавал по цена од 120,3 денари, кромидот за 23,9 денари, а краставиците за 21,1 денар.
На пазарите на големо, пак, во септември 2013 година, во споредба со истиот месец од 2012 година, најголемо зголемување на цената имале оризот, кромидот, краставиците и бананите, додека најголемо намалување се забележува кај црвените домати, модрите патлиџани, зелката и лубениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.