| четврток, 6 декември 2018 |

Трговски дефицит: извозот лани покрил 61,5 проценти

evraТрговскиот дефицит за 2012 изнесува 2.509.065 американски долари, објави Државниот завод за статистика. Ланскиот извоз на Mакедонија изнесува 4.001.857 американски долари, а на увозот 6.510.922 американски долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61,5 отсто. Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Податоците покажуваат дека најмногу стока се извесувало кон земјите членки на ЕУ 62,8 отсто и земјите од Западеn Балкан 24,4 отсто, а најмногу се увезувале стоки од ЕУ 58,4 отсто од вкупниот увоз и земјите во развој 22,9 отсто. Од вкупниот обем на надворешно трговската размена 47,1 отсто Македонија тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top