Во првиот квартал годинава стапката на раст на БДП изнесува 3,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Во првото тримесечје од 2015, најголем пораст е забележан во секторите: Стручни, научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности од 9,9 отсто, Уметност, забава и рекреација, Други услужни дејности, Дејности на домаќинствата како работодавачи, Дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 6,6 отсто, Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6,3 отсто и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 6,2 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2015 година, номинално порасна за 1,6 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесуваше 69,6 отсто.
Во овој период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13,4 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 5,5 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.