Според податоците на Државниот завод за статистика во септември 2017 се издадени 222 одобренија за градење, што е за 25.3% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 575 789 илјади денари, што е за 29.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 141 (63.5%) е наменетo за објекти од високоградба, 18 (8.1%) за објекти од нискоградба и 63 (28.4%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 222 објекти, на 162 (73.0%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 60 (27.0%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 665 станови, со вкупна корисна површина од 55 192 м2.
| Во развојот на македонската економија, градежништвото има значајна улога. Од градежништвото како носечка гранка зависат многу други економски гранки.
Државниот завод за статистика спроведува месечни, квартални, полугодишни и годишни истражувања со кои се следат градежните активности во државата, како и во странство, и од нив подготвува краткорочни показатели, соопштенија и публикации што наоѓаат широка примена кај корисниците. |
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


