| четврток, 6 декември 2018 |

Уникатна ревија Made in Macedonia: Cовремен дизајн накитен со минатото

Во Музејот на Македонија се одржа уникатното модно шоу, насловено  “Made in Macedonia: Cовремен дизајн накитен со минатото,” на кое се претставија повеќе еминентни македонски дизајнери.

-Драго ни е што за првпат во Македонија организираме модно шоу коe претставува спој на културното наследство со најновите модни трендови. Очекуваме во иднина овој настан да стане и традиција“ изјави Емилија Миладининова Аврамчева, претседател на “Добредојде“ Македонија Welcome Center.

 

Низ вековите македонските креации ја пренесуваат својата порака до современата мода и ја пресликуваат вечноста на префинетиот дизајн. Несекојдневните креации на шоуто беа претставени од страна на дизајнерите Никола Ефтимов, Ристо Бимбилоски “Румор”, Лидија Георгиева, Росица Мршиќ, Тања Кокев, Олгица Георгиева, Силвија “Алшар”, Антонија Ристовска, Никола Булески, Нела Тодоровска,  Роберт Ивановски и Ивана Кнез “ Драма”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top