Вчера во Милано се одржа ревија на Донатела Версаче која беше посветена на нејзиниот брат, легендата на модниот дизајн, Џани Версаче.
Ревија беше врвно доживување, но кулминацијата беше на крајот кога на писта Донатела се појави заедно со супер моделите од 90-те, Наоми Кембел, Синди Крафорд, Клаудија Шифер, Карла Бруни и Хелена Кристенсен, кои повторно се појавија заедно на модните писти во име на Џани Версаче.
Оваа година навршуваат 20 години од неговата трагична смрт . елите на пистата се редизајн на неговите легендарни колекции во период од 1991 до 1995 година кога тој го достигна врвот: Vogue, Warhol, My Friend Elton, Icons, Baroque, Animalia, Native Americans, Tresor de la Mer, Metal Mesh и Butterflies.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.