| четврток, 6 декември 2018 |

Ревија на европски филмови во осум градови низ Македонија

Oд денеска до 28 септември во осум градови низ Македонија, Асоцијација на филмски професионалци и ТВ соработници на Македонија, организира Ревија на европски филмови. На годинашната ревија ќе бидат прикажани филмови од Италија, Швајцарија, Германија, Холандија, Русија и други земји.
Љубители на филмската уметност во Струга, Прилеп, Кичево, Битола, Кавадарци, Штип, Неготино и Радовиш ќе имаат можност да се забавуваат и да уживаат во два филма од изборот на квалитетни филмски остварувања од најновата европска продукција.
-Со овој проект ќе бидат претставени повеќе европски филмови со цел да ги доближиме квалитетните и репрезентативни филмови од неколку големи европски кинематографии, кои се учесници и добитници на светските филмски фестивали. Станува збор за проекции на репрезентативни филмски наслови, велат од Асоцијацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top