| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе тргне од третиот „шешир“ кон подвиг во Данска

Македонската ракометна репрезентација ќе тргне од третиот барабан кон нов успех и подвиг на Европското првенство во Данска, од 12 до 26 јануари. Ждрепката за распоред на четирите групи со по 4 селекции ќе се одржи на 21 јуни во Хернинг, а Македонија ќе биде во третиот барабан, заедно со Белорусија, Полска и Унгарија. Со нив не можеме да бидеме заедно во првата фаза по групи, а по една репрезентација од барабаните со број 1, 2 и 4 ќе ни бидат противници.

makedonija-portugal-6

Улогата на носители на групите ќе им биде доделена на домаќинот Данска, актуелниот светски првак Шпанија, секогаш моќната Хрватска, како и селекцијата на Србија, која сигурно ќе биде најпосакуван ривал на нашите ракометари. Желба за вториот барабан сигурно ќе биде да се избегне Франција, додека од последниот шешир најпосакуван противник ќе биде Австрија, селекција што ја совладавме во баражот за пласман на СП 2013 во Шпанија.

Прва вредносна група: Данска, Србија, Хрватска и Шпанија

 

Втора вредносна група: Чешка, Исланд , Франција, Шведска

 

Трета вредносна група: Македонија, Белорусија , Унгарија, Полска

 

Четврта вредносна група: Норвешка, Австрија, Црна Гора, Русија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top