Македонската ракометна репрезентација ќе тргне од третиот барабан кон нов успех и подвиг на Европското првенство во Данска, од 12 до 26 јануари. Ждрепката за распоред на четирите групи со по 4 селекции ќе се одржи на 21 јуни во Хернинг, а Македонија ќе биде во третиот барабан, заедно со Белорусија, Полска и Унгарија. Со нив не можеме да бидеме заедно во првата фаза по групи, а по една репрезентација од барабаните со број 1, 2 и 4 ќе ни бидат противници.
Прва вредносна група: Данска, Србија, Хрватска и Шпанија
Втора вредносна група: Чешка, Исланд , Франција, Шведска
Трета вредносна група: Македонија, Белорусија , Унгарија, Полска
Четврта вредносна група: Норвешка, Австрија, Црна Гора, Русија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.