| четврток, 6 декември 2018 |

Не им давајте антибиотик на децата во превентивни цели

Превентивното давање на антибиотик кај децата при првите знаци на настинка во никој случај не е препорачлива постапка.

Антибиотик никогаш не се дава превентивно!

Причината за тоа е едноставна: превентивното користење на антибиотик не решава никаков здравствен проблем. Детето можеби ќе се извлече од инфекцијата но кога ќе се најде во колективно здружување тоа повторно ќе ја има бактеријата во себе и тоа за многу кратко време. Истворемено треба да се има во предвид дека не секоја бактерија реагира на секој антибиотик (за тоа се потребни дополнителни лабораториски анализи ).

Доколку заболувањето е од вирусен карактер антибиотикот е непотребен.

Ако на детето му се даде превентивен антибиотик во случај на постоење на стептококата pneumoniae, односно пнеумокока, тој вид на бактерија по неколку средби со истиот антибиотик станува се поотпорна на неговото дејство.

извор: Мама365.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top