Фолк-пејачот Наум Петрески јавно ги искритикува помладите пејачи, нарекувајќи ги морони, кои крадат туѓа музика за да станат славни.
„Сè повеќе слушам млади пејачи или групи кои снимаат стари песни од познати интерпретатори и имам да им кажам дека е лесно да се китат со туѓи перја. А сега, ако сакат да бидат популарни и видени на телевизија нека направат нешто свое, а не да се шлепаат на туѓите долгогодишни работа и труд. Знам дека ова нема да им се допадне на многу морони затоа што веќе се научиле вака, полесно, да си навежбаат готови песни кои никогаш нема да ги донесат на приближно ниво како оригиналните изведувачи “, напиша Наум во својот статус.
Петрески важи за еден од најголемите фолк-пејачи кај нас, кој на почетокот на оваа година година со голем концерт одбележа 30 години кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Наум Петрески исчезна кај Сиднеј: Невреме ја однело јахтата во непознат правец, потрагата е во тек (галерија)
-
Наум Петрески до македонските газди на кои требало да им пее: Ми бараа песни од српски и босански колеги покрај мои 370 авторски песни!
-
Се налути Наум Петрески: „Државава е полна со копуци“
-
Наум Петрески стана угостител