Фолк пејачот Наум Петрески е редовен корисник на социјалните мрежи, а важи и за едни од оние што немаат влакна на јазикот во своите Фејсбук статуси. Овој пат на неговиот ѕид осамна коментар упатен до македонските газди и директори на кои требало да им пее на приватна прослава.
„Ние се чудиме зошто не се слуша нашата музика. Големите газди и директори на јаки фирми (некогаш ќе ги прочитам јавно по име и презиме) на нивна прослава ми бараа песни од српски и босански колеги покрај мои 370 авторски песни. Одма си отидов од таму без задржување. Мене ми падна срам што сум Македонец. Ќе ги спомнам некогаш во моите мемоари“, напиша Наум.
извор:естрадаплус
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.