| четврток, 6 декември 2018 |

Наум Петрески стана угостител

Наум Петрески отвори гостилница во Скопје. Тој вели дека ова место ќе биде катче за сите оние коишто сакаат домашна атмосфера.

Легендата на македонската народна песна, Наум Петрески отвори гостилница во Скопје која го носи неговото име.

-На 7-ми јуни беше свеченото отворање на гостилница “Науме”. Ова ќе биде едно убаво место за уметници, боеми и сите оние коишто сакаат да уживаат во домашна атмосфера.-истакна Наум за гледачите на ИН ТВ.

Неговите блиски пријатели, колеги, соработници и обожаватели преку фејсбук му посакаа среќа, успешен почеток и плодна работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top