Големата љубов кон риболовот на фолк легендата Наум Петрески по се изгледа го однесе во преголем ризик. И покрај силното невреме и големите бранови крај австралискиот океан тој со своите блиски пријатели замина на ловење риба. Притоа како што информираат од таму, на нивната јахта се пројавил некој дефект при што се губи нивната трага. Невремето ја однело јахтата во непознат правец и во моментов трае нивната потрага, пишува порталот estradaplus.com
Во јахтата има пет лица меѓу кои и Наум Петрески и Стив од позната група “Куку леле”, како и блиски нивни пријатели. Овие фотографии се направени непосредно пред нивното поаѓање, како и дел од првите улови на риба. Потоа им се губи секаква трага.
Се прават напори за нивно брзо пронаоѓање.
извор: estradaplus.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Наум Петрески до македонските газди на кои требало да им пее: Ми бараа песни од српски и босански колеги покрај мои 370 авторски песни!
-
Наум Петрески распали по колегите: Морони, не крадете ми музика за да станете славни
-
Се налути Наум Петрески: „Државава е полна со копуци“
-
Наум Петрески стана угостител