Фолк-пејачот Наум Петревски сериозно им се налути на возачите кои по патиштата, наместо со средни светла, возат со долги и со светла за магла. Ова беше доволна причина испровоциран да напише на социјалните мрежи дека државава е полна со копуци.
„Дали има некој да им каже на сите копуци што возат со вклучени долги светла и со магленки дека кога доаѓа возило од спротивната насока, треба да ги вклучат средните светла, а магленките сами кажуваат кога треба да се вклучени и дека не се за украс на возилото“, напиша фолк-пејачот на социјалните мрежи.
Револтиран вели: „Овие ретардирани возачи во странство ги делкаат со казни од илјада евра, а овде нашиве полицајци изгледа не ги интересира ништо, па не ги ни опоменуваат. Изгледа не знаат и тие сиромашките. Држава полна со копуци, кои не почитуваат ништо и никого“, пишува Наум Петревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Наум Петрески исчезна кај Сиднеј: Невреме ја однело јахтата во непознат правец, потрагата е во тек (галерија)
-
Наум Петрески до македонските газди на кои требало да им пее: Ми бараа песни од српски и босански колеги покрај мои 370 авторски песни!
-
Наум Петрески распали по колегите: Морони, не крадете ми музика за да станете славни
-
Наум Петрески стана угостител