Родителите на двегодишниот Адам Кирби од јужен Лондон забележале дека нивното бебе не е како другите, откако научило да чита на само 9 месеци.
На 23 месеци сам научил да користи тоалет и прочитал една книга која им ја поклониле пријателите, по што родителите го одвеле детето на тест за интелегенција.
Она што го покажал тестот само го потврдило верувањето на родителите. Имено малиот Адам остварил резултат 141, кој е поголем од оној на многу претседатели на Америка и покрај тоа што се уште не знаел да зборува.
Потоа, тој е примен во Менса, каде станал најмладот машки член со неполни две и пол години, но не ја освои титулата најмлад член, бидејќи девојчето Али Амос имало еден месец помалку кога било примено во Менса.
Адам на англиски знае да брои до 1.000, а на шпански до 20. Од една година ги препознава земјите по нивниот облик и да ги става на вистинското место во сложувалката која е наменета за возрасни.
Малиот Адам на Stenford-Bineto тестот, кој мери пет фактори на способности на знаење имал резултат 141, со кој стана еден од вкупно 19 британски членови на Менса на предшколска возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


