
Тренерот на Интер, Лучијано Спалети по мечот со Сампдорија, кој неговиот тим го доби со 3-2, истакна дека е пресреќен што во тимот го има хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ. Предводникот на Интер соопшти дека Хрватот останува после тренинзите и по повеќе од еден час за дополнително да работи.
– Иван е голем професионалец. Останува индивидуално да работи еден час и 15 минути по секој тренингот. Ментално е стабилна личност и физички е силен како коњ. Прави спринтови на 60-70 метри, а кога ќе протрча во ваша близина и земјата се тресе, објасни сликовито Спалети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


