| четврток, 6 декември 2018 |

Рома и Спалети и официјално „раскинаа“

spaleti

Лучијано Спалети од денеска и официјално повеќе не е тренер на Рома, откако италијанскиот вицешампион реши да не ја продолжи соработката со овој стратег. Иако имаше поддршка од дел од управата, Спалети влезе во „војна“ со клупската икона Франческо Тоти, со што загуби многу пријатели во високото раководство, па дури и во ситуација кога Тоти си замина, овој стручњак не доби понуда за нов договор.

– Сакаме од срце да му се заблагодариме на Лучијано Спалети за одличната работа и значајниот придонес за нашиот клуб. Под негово водство, тимот осви најмногу бодови и постигна најмногу голови во историјата. Му посакуваме на Лучијано многу среќа при следните ангажмани – изјави претседателот на Рома, Џим Палота.

Италијанските медиуми најавуваат дека Спалети наскоро ќе потпише тригодишен договор со Интер, додека Рома за негов наследник ќе го именува досегашниот тренер на Сасуоло, Еузебио ди Франческо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top