| четврток, 6 декември 2018 |

Екс-Ју маса во Милано: Победата на Рома спои Србин, Хрват и Босанец

Синоќа тимот на Рома на гостински терен против екипата на Милан успеа да го добие дербито на колото во Италија со 0-2. Двата гола паднаа во второто полувреме а стрелци беа Џеко и Флоренци.

Победата на Рома била повод во еден ресторан во Милано да се соберат три ѕвезди на Серија А од балканските простори, Босанецот Џеко, Хрватот Перишиќ и Србинот Коларов, а со нив во друштво бил уште еден познат поранешен фудбалер од Балканот, Дејан Станковиќ.

– Ја славиме победата, кратко напишал Џеко за фотографијата која ја објавил на Инстаграм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top