Хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ ќе го напушти Интер ова лето и се наоѓа пред трансфер во англискиот премиерлигаш Арсенал. Новиот тренер на „нероаѕурите“, Лучијано Спалети, не го гледа Брозовиќ како стандарден првотимец за новата сезона, па веќе му препорачал да си побара нова фудбалска средина.
– Имаме неколку фудбалери на кои ќе им биде подобра опција да си побараат нова средина. Едноставно, нема да можат да се вклопат во новите идеи – истакна Спалети.
Марсело Брозовиќ е желба на Арсен Венгер. Неговата отштетна клаузула изнесува 50 милиони евра, но „топчиите“ се надеваат дека и за помала сума ќе успеат да го ангажираат Хрватот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.