Во последниот натпревар од 11. коло во Серија А, Интер триумфираше во дуелот со Верона и се врати на второто место на табелата.
Резултатот го отвори Борха Валеро во 36. минута. Шпанецот се најде осамен на подалечната статива по нафрлената топка на Кандрева и рутински ја затресе мрежата на домаќините.
Верона стигна до изедначување по еден час игра. Судијата со помош на видео технологијата, која од оваа сезона им е достапна на арбитрите во Серија А, покажа на белата точка, а Пацини ја реализираше најстрогата казна за 1-1.
Сепак, Интер одново стигна до предност. Во 67. минута, по еден корнер, Перишиќ начека една одбиена топка на врвот од шеснесетникот и „испали“ проектил за 1-2 и голема радост на „Нероаѕурите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)