| четврток, 6 декември 2018 |

Зајко ги нападна Украина, Русија, Бугарија и Турција

Транспортни компании, медиуми и државни институции во Украина, Русија, Турција, Бугарија и други земји вчера беа мета на кибер-напад со компјутерскиот вирус „Бед Ребит“ (Bаd rabbit).

Според соопштението на фирмата за компјутерска безбедност ESET, меѓу хакираните компјутерски мрежи се оние на аеродромот во Одеса, украинското Министерство за инфраструктура, редакциите на руската информативна агенција Интерфакс.

ESET регистрирала стотици напади со вирусот „Дискодер.Д (Diskcoder.D – Bad Rabbit)“, кој е нова модификација на вирусот „Petya“. Претходната верзија на „Дискодер“ беше употребена при хакерски напад во јуни оваа година.

Претходно, фирмата за кибербезбедност „Лабораторија Касперски“ соопшти дека нападот со Bad Rabbit е насочен против корпоративни мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top