| четврток, 6 декември 2018 |

Ен-Би-Си: Путин лично вмешан во хакерските напади за време на претседателските избори во САД

bpb1g9jtq

Двајца високи претставници од американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин лично се вмешал во хакерските напади поврзани со претседателските избори во САД, предводен од желбата за одмазда на кандидатот на демократите Хилари Клинтон, објави Ен-Би-Си.

Путин давал сам инструкции како да се филтираат и користат и-мејлите на демократите пресретнати од кибер напаѓачи, тврди американската телевизија, која се повикува на двајца претставници од разузнавањето.

Тие наведуваат дека заклучоците се „високо доверливи“.

sqdsvbx

ЦИА во извештај наведе дека Русија е вмешана во кибернапади во изборната кампања за да помогне во изборот на Доналд Трамп за нов претседател, кој од ствоја страна ги отфрли таквите обвинувања.

Според медиумот, Путин не и простил на Клинтон поради изјавите додека беше државен секретар на САД. Клинтон го ставаше под сомнеж фер карактерот на парламентарните избори во Русија, а Путин ја обвини дека тогаш ги поттикнала демонстрантите да излезат на улица.

Разузнавачите додале дека првично Путин сакал да и се одмазди на Клинтон, а потоа одлучил да открие пред светот слаби места во американската политика и да ги подели сојузниците на САД оставајќи им впечаток дека нема да може да очекуваат доверба во Вашингтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top