Официјален Киев соопшти дека во денешниот кибер напад врз Украина погодени се нејзините мрежи, како и главниот аеродром во Киев, додека слични напади пријавија и светски компании од Русија и од Данска. Покрај мрежата на украинската Влада, цел на кибер нападите биле и банките, Електродистрибуцијата, како и државни и приватни компании.
Главниот аеродром во Киев бил мета на така наречен „спам“ односно мрежата е нападната со големо количество на информации со цел да се попречат серверите и компјутерите, поради што е можно да бидат одложени некои летови. И украинската државна компанија за производство на авиони „Антонов“ e „жртва“ на кибер напад.
Слични напади пријавија и компаниите во Русија, меѓу кои „Роснефт“, „Башнефт“, „Марс“, „Нивеа“, „Мондељез интернешнел“. Тие биле нападната од вирусот „Петја“.
Напаѓачите бараат откуп од 300 американски долари во биткоини. Еден биткоин на кибер пазарот во моментот чини околу 2.500 долари.
„Петја“ вирусот е поинаков од вобичаените „ренсомвер“ вирусот кој се користи за напади во кои се бара откуп од корисникот за да може да пристапи до документите. „Петја“ ги користи пониските структури на хард дискот за да го заклучи целиот систем.
Пад на ИТ системот пријави и компанијата „Мелер-Маерск груп“ од Данска, која се занимава со транспорт и дејности во енергетскиот сектор.
Данските медиуми објавија дека се погодени канцелариите на „Мелер-Маерск груп“ во Велика Британија, во Панама и во Венецуела.
И британската рекламна агенција, најголема во светот „WPP“ објави дека била мета на кибер напад, но не наведе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.