| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп ја обвини Демократската партија дека самата го дозволила хакерскиот напад

tramp-frizura

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, ја обвини Демократската партија дека самата го дозволила хакерскиот напад.

„Огромната немарност на Демократскиот Национален комитет го дозволи хакерскиот напад. Републиканскиот национален комитет имаше посилна одбрана“, наведе Трамп на Твитер.

Новоизбраниот претседател вчера соопшти дека и доколку имало какви и да било  обиди за хакерски напади „тие апсолутно немале ефект” врз исходот од претседателските избори во САД.

По средбата со лидерите на американските разузнавачки служби, Трамп најави дека во рок од 90 дена од неговата инаугурација, на 20 јануари, планира да именува екипа која ќе состави план за борба против кибер напади.

Претходно, по состанокот со Трамп, американски разузнавачки претставници објавија нов извештај, во кој се наведува дека рускиот претседател Владимир Путин ја издал наредбата да се влијае во претседателските избори во САД во 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top