| четврток, 6 декември 2018 |

Ден пред изборите нападнат изборниот штаб на Макрон

French centrist presidential candidate Emmanuel Macron thumbs up as he addresses his supporters at his election day headquarters in Paris , Sunday April 23, 2017. Macron and far-right populist Marine Le Pen advanced Sunday to a runoff in France's presidential election, remaking the country's political system and setting up a showdown over its participation in the European Union. (AP Photo/Christophe Ena)

Изборниот штаб на независниот претседателски кандидат на изборите во Франција, Емануел Макрон, соопшти дека е жртва на голема и координирана хакерска операција, откако ноќеска беа објавени голем број мејлови од кампањата, само на еден ден пред оддржувањето на вториот круг од изборите.

Британските медиуми објавија дека корисник кој себе си се нарекол ЕМЛЕАКС на сајтот Пејстбин постирал околу девет гигабајти податоци, што овозможува натамошно споделување (шерување) на анонимно поставените документи.

Изборниот штаб на Макрон потоа соопшти дека пред неколку недели биле украдени автентични документи, што потоа биле измешани со лажни документи за да се предизвика сомнеж и дезинформации.

Како што се наведува, овие документи не претставуваат причина за загриженост туку покажуваат нормално функционињање на претседателската кампања.

Тие тврдат дека оние кои ги објавиле мејловите сакаат да ја поткопаат кампањата на Макрон на само неколку часа пред вториот круг од изборите, што се оддржуваат во недела, пренесуваат британските медиуми.

Портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи не сакаше да ги коментара наводно хакираните мејлови од кампањата на Макрон, бидејќи камапњата веќе заврши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top