| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓиевски се заблагодари на граѓаните што го поддржаа и му честиташе на победникот во Куманово

Зоран Ѓорѓиевски од Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ заедно со кадидатите за советници, одржа прес конференција на која се заблагодари на граѓаните кои гласаа на овие избори и кои додаде со својот глас одлучиле во каков град и држава сакаат да живеат, на соработниците и активистите од партијата, на медиумите. Тој му честиташе на победникот.

– Достоинството, присебноста, разумот ни налагаат на мене и тимот со кои настапувавме во кампањата да ја приближиме нашата визија за идното Куманово во кое би сакале да живееме сите ние. За наша жал не беше препознаено од поголемиот дел од нашите сограѓани, рече Ѓорѓиевски.

Истакна дека одлуката на граѓаните ќе ја почитува и додаде дека не сака да ги дели граѓаните на „наши“ и „нивни“, бидејќи нагласи никогаш и не ги делел.

Ѓорѓиевски им се заблагодари на членовите и активистите за ангажирањето во кампањата, за која потенцира по многу нешта била уникатна и специфична

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top