Победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори предвидуваат резултатите од спроведената анкета на Институтот „Павел Шатев“. Политичар во кого граѓаните имаат најмногу доверба останува Никола Груевски.
Доколку идната недела има избори, најголемата поддршка од граѓаните ќе ја добие ВМРО-ДПМНЕ. 28 проценти од испитаниците одговориле дека гласот ќе го дадат за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ би гласале 17 отсто од анкетираните. ДУИ и БЕСА уживаат најголема доверба кај албанскиот блок.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ужива двојно поголем доверба кај граѓаните од претседателот на СДСМ Зоран Заев. Според податоците од спроведената анкера 28,1 процент најмногу доверба имаат во Груевски, додека 14,7 отсто му веруваат на Заев.
Во однос на претстојните локални избори, анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНе е партијата која ќе ја однесе победата.
Според гласовите на снкетираните граѓани, ВМРО-ДПМНЕ има подобри кандидати за градоначалници од СДСМ. Процентуално 37,2 одговориле за ВМРО-ДПМНЕ, додека 22,4 за СДСМ.
„Секогаш работа, секогаш Македонија“, слоганот на ВМРО-ДПМНЕ за оваа изборна кампања е оној на кој граѓаните повеќе му веруваат. 37,9 отсто од испитаниците го имаат ова мислење, додека во слоганот на СДСМ „Живот за сите“, веруваат 22,5 проценти од испитаните граѓани.
Институтот „Павел Шатев„ третата национална анкета на јавно мислење ја спроведе во периодот помеѓу 30.09- 02.10 2017 година по телефонски пат на 1.225 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања за првата недела од изборната кампања.
Во истражувањето спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.